Прилепско традиционално јадење „Полнети пиперки“
Полнетите пиперки се едно од најубавите традиционални јадења во Прилеп
Рецепт
Пиперките ги миеме и ги чистиме од рачките и семките.Во тава го ставаме меленото месо со малку масло и го пропржуваме, мешајќи да се што повеќе растреси. Го додаваме ситно сецканиот кромид и оризот и уште малку време попржуваме мешајќи.Пред крај ги додаваме зачините и ситно сецканиот магдонос. Црвената пипер последна.Со оваа смеса ги полниме пиперките со помош на мало лажиче скоро до крај.Ги редиме во огноотпорна тава за печење. Налеваме скоро до пола во висина на пиперките вода и ги попрскуваме со уште малку масло.Печиме на температура од 220 степени половина час.Во чинија сервираме една пиперка и ја налеваме со сосот во кој се печела.
Comments
Post a Comment