Прилепско традиционално јадење „Ширдени“
Ширдените се едно од најубавите традиционални јадења во Прилеп. За прилепскиот ширден најчесто се користи внатрешниот орган на младо јагне кој претставува продолжение на желудникот. Традиционално се користат 3 вида месо јагнешко, свинско, телешко, ориз и разни зачини.
Реацепт
Прво треба многу убаво да се исчистат јагнешките ширдени и да станат проѕирни. На загреано масло прво се пржи ситно сечкан кромид, па се додаваат трите вида месо сечкани на ситни парчиња. Се динста сè додека не испари течноста во садот. Се зачинува со сите зачини црн пипер, буковец, јенибар, сув зачин, се додава оризот и на крајот магдоносот. Се трга тенџерето од оган и со добиената смеса се полнат ширдените. На самиот отвор ширденот се затвора со 2-3 чепкалки. Се редат во земјена тава, се налеваат со вода колку да се покријат, се додава еден исечкан домат и се ставаат во рерна да се печат околу 2 часа. За време на печењето еднаш до двапати се превртуваат. По желба може да се додаде и сува лута пиперка. Пред крај се додаваат исчистените компир да се запечат.
Comments
Post a Comment