Прилепско традиционално јадење „Тавче гравче“

 Гравче Тавче е традиционален прилепски специјалитет, кој најубаво е да го сервирате во земјени чиничиња. Дел е од нашето редовно мени, а секако е дел и од менито за нашата куќна слава, која е посна.

Рецепт

1. Гравот го чистиме, миеме и го прелеваме да одстои во ладна вода (барем неколку часа) или најдобро одвечер за да омекне. Потоа повторно го миеме, и го ставаме во тенџере со нова вода на средна температура да се вари. Откако ќе зоврие таа вода ја истураме и налеваме друга вода.
2. Сега го ставаме кромидот ситно исецкан (додаваме и суви пиперки ако сакате), и го оставаме гравот да се вари додека скоро целосно не омекне.
3. При крај додаваме сол, вегета, нане (по вкус)
4. Свареното гравче го цедиме и префрламе во земјени чиничиња.
5. Во тава на оган ставаме околу 50мл зејтин да се загрее и додаваме црвен пипер - па го потураме гравчето.
6. Го ставаме гравчето во загреана рерна на 250 степени да се потпечи кратко време, односно додека да формира танка кора.
















Comments

Popular posts from this blog

Прилепски гратски часовник