Posts

Showing posts from June, 2023

Прилепско традиционално јадење „Тавче гравче“

Image
  Гравче Тавче е традиционален прилепски специјалитет, кој најубаво е да го сервирате во земјени чиничиња. Дел е од нашето редовно мени, а секако е дел и од менито за нашата куќна слава, која е посна. Рецепт 1. Гравот го чистиме, миеме и го прелеваме да одстои во ладна вода (барем неколку часа) или најдобро одвечер за да омекне. Потоа повторно го миеме, и го ставаме во тенџере со нова вода на средна температура да се вари. Откако ќе зоврие таа вода ја истураме и налеваме друга вода. 2. Сега го ставаме кромидот ситно исецкан (додаваме и суви пиперки ако сакате), и го оставаме гравот да се вари додека скоро целосно не омекне. 3. При крај додаваме сол, вегета, нане (по вкус) 4. Свареното гравче го цедиме и префрламе во земјени чиничиња. 5. Во тава на оган ставаме околу 50мл зејтин да се загрее и додаваме црвен пипер - па го потураме гравчето. 6. Го ставаме гравчето во загреана рерна на 250 степени да се потпечи кратко време, односно додека да формира танка кора.

Прилепско традиционално јадење „Полнети пиперки“

Image
  Полнетите пиперки се едно од најубавите традиционални јадења во Прилеп  Рецепт Пиперките ги миеме и ги чистиме од рачките и семките. Во тава го ставаме меленото месо со малку масло и го пропржуваме, мешајќи да се што повеќе растреси. Го додаваме ситно сецканиот кромид и оризот и уште малку време попржуваме мешајќи.Пред крај ги додаваме зачините и ситно сецканиот магдонос. Црвената пипер последна. Со оваа смеса ги полниме пиперките со помош на мало лажиче скоро до крај. Ги редиме во огноотпорна тава за печење. Налеваме скоро до пола во висина на пиперките вода и ги попрскуваме со уште малку масло. Печиме на температура од 220 степени половина час. Во чинија сервираме една пиперка и ја налеваме со сосот во кој се печела.

Прилепско традиционално јадење „Ширдени“

Image
 Ширдените се едно од најубавите традиционални јадења во Прилеп.  За прилепскиот ширден најчесто се користи внатрешниот орган на младо ј агне  кој претставува продолжение на желудникот.  Традиционално се користат 3 вида месо јагнешко, свинско, телешко , ориз  и разни з ачини .  Реацепт Прво треба многу убаво да се исчистат јагнешките ширдени и да станат проѕирни. На загреано масло прво се пржи ситно сечкан кромид, па се додаваат трите вида месо сечкани на ситни парчиња. Се динста сè додека не испари течноста во садот. Се зачинува со сите зачини ц рн пипер , буковец, јенибар, сув зачин, се додава оризот и на крајот магдоносот. Се трга тенџерето од оган и со добиената смеса се полнат ширдените. На самиот отвор ширденот се затвора со 2-3 чепкалки. Се редат во земјена тава, се налеваат со вода колку да се покријат, се додава еден исечкан д омат  и се ставаат во рерна да се печат околу 2 часа. За време на печењето еднаш до двапати се превртуваат. По желба може да се додаде и сува лута пипер

Прилепски гратски часовник

Image
 Саат кулата или гратски часовник е една од најголемите знаменитости во центарот на Прилеп. Градена е во периодот 1825/1826 година. Подигната од Саид-ага, висока околу 40 м, заедно со столбовите и конусот на врвот достига до 55 м. Градители на денешната Саат кула се мајсторите Христо Тасламиче, Петре Лауцо и неговата тајфа, кои новата кула ја подигнале на местото на старата (дрвена) која изгорела во пожар 1854 година. Била градена на шестаголна основа со масивни камени блокови со вкупна височина од 38,76 метри, а заедно со столбовите и конусот достигнува 55 метри. Поради искривувањето во 2012 почната е работа за стабилизирање и спречување на кривењето на саат кулата.